Езимит Вино е винарија која ја интегрира традицијата на производство на грозје и вина кои се присутни низ вековите во Македонија од една страна и врвната технологија која Езимит Вино ја поседува. Остатоците од античка винарија во близина на лозовите насади, го покажува присуството на традицијата проткајана до ден денес. Од аспект на видовите на грозје оваа микро клима овозможува подигање и многу добри резултати на следниве видови на грозје – Вранец, Каберне Совињон, Мерло, Сирах, Кратошија, Плавац, Пино Ноар, Шардоне, Ризлинг, Совињон Блан, Мускат, Мускат Фронтињан, Жупљанка.
Нашите специјалисти, агрономи посветуваат посебно внимание на лозовите насади во чиста околошка средина во текот на 365 денови од годината. Бербата се одвива исклучибо автоматизирано со сопствен комбајн.
Вината се прават во специјални винификатори, кои се дизајнирани од потребите на винаријата и купувачите. За секој тип на грозје постои разиличен винификаторски процес кој е програмиран. Сите важни хемиски параметри се постојано мониторирани и документирани. Чувањето на виното е во инокс садови.
Посебно внимание се посветува на мали серии на високо квалитетни црвени и бели вина. Департментот за барик е присутен уште од 2000-та година, каде се одлежуваат вина со најголем потенцијал. Пенливите вина наскоро ќе бидат дел од асортиманот на Езимит Вино.
Целта на бизнис политиката на компанијата е креирање на стратегиски и партнерски однос со конзументите, кој се резултира со реципрочно чувство на посветеност и лојалност кон Езимит Вино и нивните вина. Реално оваа цел може да биде постигната преку свеста дека Езимит Вино креира вредност за двете целни групи.
Во поглед на производството на грозје и вино кое е строго контролирано, ISO 9001:2008 и HACCP се стандарди и принципи на работа повеќе години.
Сопствениците, менаџментот и вработените во Езимит Вино се целосно посветени да ги следат најновите трендови во винопроизводството и нивна имплементација. Езимит Вино се стреми да биде компанија лидер во винската индустрија која ги почитува своите соработници и конзументи како и да биде лидер во производството на квалитетно вино кое ги поврзува вината со секоја поединечна прилика.