∼
Суво бело вино со контролирано потекло од нашите насади во Овчеполското виногорје.
∼
Деликатна жолто-зелена боја со пријатна арома на лимонова трева, зелени бабури, босилек и огрозд.
∼
Пријатен и свеж но сепак интензивен вкус на лимон, зелено јаболко и бела праска со мошне чист и избалансиран финиш.
∼
Бело козјо сирење, моцарела, свежи салати, салати со морски плодови,пржени тиквички, печена пастрмка, пастрмка на скара, лаврак на скара, орада на скара, морски плодови на скара, пилешко на скара, мисиркини гради на скара итн.
∼
08–10 °C
Езимит е компанијата која е главно фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во семејството ЕЗИМИТ, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување. Примарна дејност на ЕЗИМИТ е производство на вино и инвестиции. ЕЗИМИТ е синоним за успешен и одржлив бизнис на 30 години.