∼
Суво црвено вино со контролирано потекло од нашите насади во Овчеполското виногорје.
∼
Интензивна речиси непробојна гранитна боја, пријатна миризба на зачини проследена од пржени тонови на кафе, пушено суво грозје и полусуво темно овошје.
∼
Интензивен вкус на шумско овошје. Структурата на ова вино е посебна, телото исто така, крајот е траен кадешто повторно се чувствуваат пржените ноти на кафе.
∼
Овчи кашкавал, тестенини во фурна, пилешко во сос, печено свинско, печено телешко, мешана скара и др.
∼
12 месеци во Француски дабови бочви.
∼
16–18 °C
Езимит е компанијата која е главно фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во семејството ЕЗИМИТ, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување. Примарна дејност на ЕЗИМИТ е производство на вино и инвестиции. ЕЗИМИТ е синоним за успешен и одржлив бизнис на 30 години.