Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

LOZARSTVO

Грижата за лозовите насади е клучна за квалитетот на финалниот производ. Веруваме дека само со конкретна посветеност се доаѓа до врвен резултат. ЕЗИМИТ Лозарство е компанија посветена на лозовите насади. Располага со површина од 400 ха земјоделско обработливо земјиште, од кои повеќе од 200 ха се под лозов насад.

Произлегува од некогашниот македонски земјоделско-индустриски комбинат Црвена Ѕвезда кој што беше формиран во 50-ите години на минатиот век., а веќе од 1999 го започна својот самостоен развој како Лозарство д.о.о. во која компанија Езимит Вино се јави како најголем содружник.

ЕЗИМИТ Лозарство во континуитет инвестира во модернизација на своите строго контролирани лозови насади, модернизација на машини и опрема за работа, имплементација на систем капка по капка, засадување нови лозови насади како и перманентно следење на трендовите на вински сорти во светот.

Континуираното подобрување на квалитетот на своите производи и проширувањето на производственото портфолио допринесуваат за инвестирање во изградба на нова винарска визба со мал капацитет, каде посебен акцент ќе биде ставен на квалитетот на виното. Новата винарска визба ќе биде опремена со најсовремена врвна технологија за производство на бели и црвени премиум вина.

Сортите грозје кои што се одгледуваат се: Шардоне (Chardone), Пино Ноар (Pinot Noir), Виоњер (Viognier), Ризлинг (Riesling), Совињон Бланк (Sauvignon Blanc), Пино Гриџо (Pinot Grigio), Вранец, Плавец, Мерло (Merlot), Каберне Совињон (Cabernet Sauvignon), Сира (Shiraz) и други.

ГАЛЕРИЈА

УПРАВИТЕЛ

aleksandar-manev-ezimit

Александар Манев

 

Тел: +389 78 380 994

Email: aleksandar.manev@ezimit.mk

Име*

Email *

Предмет

Порака