Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

25-ТИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ЕЗИМИТ, ПРОСЛАВЕН СО ВИНО И МУЗИКА

Над тристотини гости од земјата и светот присуствува на прославата на 25тиот јубилеј на ЕЗИМИТ, која се одржа на 3ти јуни (2016) во винаријата ЕЗИМИТ во Штип. Организиран со висок стил и акцент на елеганција и одмереност, настанот беше вистинско уживање за сите присутни. Покрај претставници на деловниот и политичкиот свет од Македонија, дипломатијата и Македонската православна црква, на прославата пристигнаа деловни соработници и пријатели на ЕЗИМИТ од Хонг Конг, Русија, Канада, Америка, Австралија и од ширум Европа. Поканети беа и голем број млади лица од кои се дел стипендисти на ЕЗИМИТ.

Доминираше доброто расположение, срдечоста на домаќините, задоволството на гостите и разменувањето сеќавања за почетоците и развојот на успешната ЕЗИМИТ приказна. Без бомбастични најави, без говори и нагласен протокол, а со многу музика и добро вино, во елегантно уреден простор, амбиентално обоен со боја на вино, вечерта течеше во спонтана забавна атмосфера. Боите, вкусот и аромите на виното сепак го имаа приматот во концептот. Посебен акцент даде виното Тера Македоника, со кое многу од присутните за прв пат се запознаа, потврувајќи дека се работи за единствено и исклучително вино. Пролетниот дожд ја надополни уникатноста на вечерта, навестувајќи бериќет. Настанот го збогати хрватската естрадна ѕвезда Северина која со искрени честитки се обрати до сопствениците и вработените на ЕЗИМИТ чии вина ги засакала во Хрватска.

Ова е прва голема прослава во знакот на ЕЗИМИТ, чиј примат е посветеност на работа и резултати. Потврда за успешноста, е секако одзивот на големиот број видни гости од кои најголем дел се сведоци на изминатиот пат и искрено посакаа да се најдат на истото место за прослава за 50ти јубилеј на ЕЗИМИТ.