Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

ИНТЕРВЈУ СО ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЕЗИМИТ, ЗОРАНЧО МИТРОВСКИ

дневник

Датум на објава: мај, 28, 2016

Автор: Александра Филиповска

 

Да му го понудиме на светот тоа што може да се извезе од Македонија, за парите од светот да се враќаат во земјава. Ова била визијата на групацијата Езимит, на почетоците пред две и пол децении. Во приказната за успехот доминира виното, но компанијата четврт век успешно чекори напред и во сферата на градежништвото, инвестициите, финасиите.

_________________

Господине Митровски, околу 25 години водите повеќе успешни бизниси во земјава во различни сфери. Која е формулата за успех, континуитет и надградување на бизнисот во земјава и како „најлесно“ се отвараат вратите на странските пазари?

 

– Да имаше формула ќе беше навистина полесно, но наместо тоа има многу работа поткрепена со силна и постојана мотивација да се стигне подалеку. Секој кој изодил свој пат до некоја цел има своја приказна на успех. Приказната на ЕЗИМИТ е 25 години работа, со пред се искрена посветеност на квалитет во синџирот од идеа до производ, а оценувањето го прави пазарот. И тука не може да има ниту импровизации, ниту протекции. Во основата на нашата визија беше да му го понудиме на светот тоа што може да се произведе во Македонија. Истражувајќи што цени светот, едновремено испитувајќи ги потенцијалите на нашата земја, го избравме виното, што едновремено се поврзува и со традицијата на производство на вино во моето семејство. Инвестиравме во кадри, инфраструктура, технологија, во суровини, енолошки средства, во се што беше потребно за да дојдеме до врвен производ. Квалитетниот производ и современата деловна политика ги отвораат вратите на странскиот пазар. Од тука натаму приматот е на континуитетот. Сцената на винопроизводители во светот е огромно пространство каде лесно може да се загубиш во масата ако не се позиционираш. А за да се позиционираш и да останеш баран треба да го задржиш квалитетот на производот, едновремено збогатувајќи ја понудата со нови вина. Комплетното производство на вина го извезуваме. Присутни сме во Храватска, Автралија, Канада, Словачка, Белгија, Германија, Чешка, Скандинавија… Парите од светот се враќаат во Македонија. Нашата земја ни е појдовница и цел на се што правиме. Инвестициите и делувањето во различни сфери се дел од нашата стратегија. Присутни сме во земјоделието, финасиите, инвестициите, градежништвото. Обласите се комплементарни и надградувањето е постабилно. Не и полесно. Но имаме мотивирани вработени, обучен кадар, добри деловни партнери, а ги следиме и воведуваме сите потребни светски стандарди кои ги воведуваме согласно македонската легислатива. Веруваме дека планската дисперзираност во различни индустрии може да обезбеди сигурна платформа на сите деловни субјети под брендот ЕЗИМИТ.

 

Како ја оценувате моменталната состојба во земјава и дали се чувствуваат последиците од кризата врз бизнисот?

 

– Кај компаниите ориентирани кон извозот, кризата не се рефлектира како кај компаниите фокусирани само на домашниот пазар. Сепак и тука не можеме да зборуваме за криза во сите индустрии. Пред малку зборував за дисперзираноста. Во бизнисот нема идеална клима. Стратегијата е клучна за приспособување на плановите со инвестициите и очекувањата. Кризата не би се нарекувала криза ако не е од минлив карактер.

 

Бидејќи и на светските економии изминатиов период не им цветаа рози, дали македонските бизниси ги чувствуваат последиците од надворшните бури? Како гледате на кризата во Европа, Грчката криза и колку тие влијаат на домашните бизнисмени и на Вас како компанија?

 

– Кризата во Европа влијаеше на конзумативната моќ. Тактиките колку и да се усовршуваат, на крајот се сведуваат на намалување на цената, а тоа се одразува на вкупниот профит. Планот во такви услови не е повлекување, туку наоѓање солуции за опстојување. Тука е пресудна моќта за превентивно делување и флексибилност.

Тешко се доаѓа до пазарот, а за резулатите е важен континуитетот.

 

Земјоделие, преработка, финансии, градежништво, инвестиции се само дел од областите во кои вашите компании достигнуваат врвни резултати. Во кои други земји сте присутни како компанија?

 

– Во 2004та година ја отвориме комапнијата ЕЗИМИТ Загреб. Со оглед на големиот хрватски пазар кој не го сочинуваат само на ѓраѓаните на Хрватска, туку и мноштвото туристи, тоа беше логичен чекор. Резултатите кои, веќе 12та година, ги остварува оваа компанија ги оправдаа и потврдија плановите и инвестициите. Неодамна веќе запачнавме со основање на ЕЗИМИТ Словачка. Ова е сериозен залак. Со години го следиме пазарот на Средна Европа, детално ја разработувавме стратегијата и веќе тргнавме во реализација. Зборуваме за Словачка, Чешка, Унгарија, Полска, а само полскиот пазар има 40 милиони луѓе. Имаме база на наши кадри, имам ресурси, имаме искуства и знаење, а најважно е што веќе имаме производ кој во земјите на Средна Европа е препознатлив и баран.

 

zoranco-mitrovski

 

Станавте претприемач пред 25 години, и по толкаво искуство, кој би бил вашиот совет за младите претприемачи во земјава и регионот?

– Вистинита е изреката – На младите светот оостанува. Но младите треба да останат. Треба да останат на тлото каде се родиле, за да го освојат светот. Полесно е од позиција на домаќин во својата земја да се осознаваш, да се надградуваш и докажуваш пред себе и пред другите. Ако лично се реалзираш ќе можеш да го понудиш на светот тоа што го умееш, и тоа од дома. Странските искуства се важни за усовршувањето. Сега барем има многу начини да се дојде до нив. Пред 25 години беше неспоредливо потешко. Потфат беше да дојдеш до информации, а сега ти се на еден клик. Комуникацијата со светот, можностите за учење, патување, реализација на идеа, се денес далеку полесни. Мене искрено ме погодува фактот што млади се одлучуваат да заминат од својата земја. Ми се чини дека се потретко е тоа од егзистенцијални причини, а се почесто за потрага по предизвик. Претприемништвото е само по себе извонреден предизвик. Тоа е авантура во која го впрегнуваш умот и сиот свој психофизички склоп, семејството, околината… Треба добро да ги одмериш своите ресурси, времето и опкружувањето. Сето тоа е полесно ако си дома. Но треба нависитина да го сакаш тоа, искрената посветеност е клучна. Треба работа, треба да се запне, но треба постојаност. Кампањскиот приод дава резулати само при маркетиншките активности.

 

Би ги советувал младите, во својата земја и својата околина да детектираат каде и во што би се нашле согласно афинитетите, способностите, наобразбата, искуствата на блиските. Нашата земја изобилува со можности, има се уште недопрени сегменти на развој. Храброст е да отвориш ново поглавје, но резултатите ќе ти ја оправдаат секоја капка пот и непросипена ноќ.

 

И да не одам подалеку од мојата приказна. Денес му правите интервју на некој кој пред 25 години влегол во претприемништвото. Беше секакво освен лесно. Не треба да се очекува некој да ти даде на дланка. Вербата во себе се гради само низ сопствнен труд. Сега најмногу од се се гордеам што имам одличен тим од кој најголем дел се млади што сакаат да учат и работат и кои како и јас се радуваат што љубители на вино по светот, за да уживаат во нашиот македонски производ, даваат куни, круни, фунти, шилинзи, евра, долари… а сите на крајот завршуваат во денари кои се инвестираат во нашата земја.

Оригинална објава