ЕЗИМИТ ЛОЗАРСТВО

ЕЗИМИТ ЛОЗАРСТВО е компанија посветена на лозовите насади и располага со површина од 400 ха земјоделско обработливо земјиште, од кои повеќе од 200 ха се под лозов насад. Грижата за лозовите насади е клучна за квалитетот на финалниот производ и заради тоа континуирано се инвестира во модернизација на машини и опрема, имплементација на систем капка по капка и перманентно следење на трендовите на вински сорти во светот.

Сортите грозје кои што се одгледуваат се: Chardonnay, Pinot Noir, Viognier, Riesling, Sauvignon Blanc, Pinot Grigio, Vranec, Plavec, Merlot, Cabernet Sauvignon, Syrah и други.

Terra Makedonika