На почетокот на 2015-та година инвестиравме во превземање и рестартирање на Винарската визба Лозово. Визбата датира од 1979-та година и е градена по француски проект со имплементирана технологија од страна на компанијата Пера од Монтпеље, Франција. ЕЗИМИТ ЛОЗОВО е со вкупен капацитет од 25 милиони литри и е една од најголемите винарски визби во регионот. Во склоп на винаријата е и дестилерија за преработка и производство на дестилат.
Езимит е компанијата која е главно фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во семејството ЕЗИМИТ, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување. Примарна дејност на ЕЗИМИТ е производство на вино и инвестиции. ЕЗИМИТ е синоним за успешен и одржлив бизнис на 30 години.