Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

ЗА ЕЗИМИТ

Мисија

Наш предизвик е создавањето. Наша инспирација е човекот. Нашите мотиви се поврзани со суштината на живеењето. Мисијата на ЕЗИМИТ е фокусирана на Македонија, на создавање поволна клима за инвестирање, развој, напредок. Затоа ги користиме сите наши предности и вештини, проактивни во ползувањето на бенефициите на просторот, времето, новите сознанија, технологијата. Квалитетот како услов е вклучен во сите сегменти на нашето делување. Со него е поплочен патот кој го трасираме за успешна реализација на нашата мисија

Визија

Во основата на нашата визија е дисперзирање и етаблирање на ЕЗИМИТ во светски рамки со акцент на едновремено надградување на вредностите и предностите на Македонија и создавање поволни услови за идните генерации. Успесите на странски пазари би биле без основа ако не се надградат и надополнуваат со успеси во матичната земја.
Нашата визија се протега зад хоризонтите на лесно достижното. Дотолку е поголема нашата мотивираност постојано да ги предизвикуваме лимитите на перформансите и можностите.

Цели

Корпоративната мисијата не би била реализирана, а визијата достижна, без остварување на стратешко поставените цели, во посебните компании под брендот на ЕЗИМИТ. Целите во деловните стратегии на различните деловни субјекти често се вкрстуваат, надополнуваат, си помагаат, се борат за предимство – како во семејство. Ова е една од предностите на семејството, големата слика на оствареноста е секогаш живописна. Целите на ЕЗИМИТ се нескромни, како што се нескромни и мотивирачките напори кои се вложуваме. Сепак скромноста е од друга страна.