Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

Вината на Езимит совршен спој со делата на Пучини

Винаријата Езимит во поддршка на 46тото издание на Мајски оперски вечери.

Скопје, 08.05.2018. Винаријата Езимит најави поддршка на 46тото издание на Мајски оперски вечери.

Под мотото „Го славиме Пучини“ Македонската опера и балет ќе ја одбележи 160 годишнината од раѓањето на големиот италијански композитор – Џакомо Пучини.

Оваа година, официјално, Винаријата Езимит се вклучува во поддршка на Македонската опера и балет и успешната реализација на овогодинешното славење на маестралноста на еден од најголемите оперски композитори на сите времиња, во чии дела ќе уживаат македонските љубители на оперската уметност од 9ти до 31ви мај.

Од винаријата Езимит, охрабрени од досегашниот настап на странските пазари, најавуваат дека по примерот на врвни светски винарии, во понатамошната стратегија за развој на брендот, ќе посветат посебно внимание на поддршката на уметноста, музиката и балетот. До сега винаријата Езимит, чии вина се уште не се присутни на нашиот пазар, веќе ја докажа својата наклонетост кон врвните вредности во нашата земја, преку поддршка на дел од незаборавните доживувања за македонските љубители на балетот и операта.

Вината на Езимит, како што велат познавачите, се совршен спој со делата на италијанскиот оперски мајстор. Посебно се издвојува виното Тера Македоника – суво црвено вино од сортата Вранец со интензивна темноцрвена боја, раскошен и длабок вкус на зрело темно овошје и зачини. Виното Тера Македоника, е создадено преку иновативен процес и единствена рецептура, екстрахирано низ мешавина на лековити билки од македонскиот тероар. Тера Македоника е вино инспирарано од нашето поднебје, со желба за создавање уникатност, егзотичност, уметност. Ова е вино чија длабочина и комплексност на вкус од балансирани состојки, совршено се совпаѓа со изворедната топлина и сензуалност на делата на Пучини, составени од балансирани оперски фрази. Веруваме дека во Македонија, ќе имаме уште многу поводи за славење на уметноста со поддршка од винаријата Езимит.


Македонскиот бренд ЕЗИМИТ, кој постои од 1991 година, е еден од најголемите извозници на вино во Македонија, што го прави брендот препознатлив во светски размери.

Винаријата ЕЗИМИТ според врвната технологија е една од најмодерните винарии во Македонија. Вкрстувањето на знаења, искуства и иновативност со акцент на квалитет, резултираат со широка гама на извонредни вина со потпис на ЕЗИМИТ.