Суво бело вино со контролирано потекло од нашите насади во Овчеполското виногорје.
Светло жолтеникава боја со деликатни нијанси на зелена, се одликува со елегантни цветни ароми помешани со арома на јаболко, праска, и нежни ноти на мед и камилица.
Поседува предизвикувачки свеж и добро избалансиран вкус со долг финиш.
Бело овчо сирење, овчи кашкавал, гриер, бри, палента, свежи салати, паста со морски плодови, свинско филе, печено пилешко, мисиркини гради на скара, пастрмка, лосос и др.
08–10 °C
Езимит е компанијата која е главно фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во семејството ЕЗИМИТ, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување. Примарна дејност на ЕЗИМИТ е производство на вино и инвестиции. ЕЗИМИТ е синоним за успешен и одржлив бизнис на 30 години.