Согласно стратегијата за настап на пазарите на Средна Европа, ја избравме Република Словачка за одредиште на новата винарска визба под брендот ЕЗИМИТ. Континуираниот раст на продажбата и интензивната побарувачка, резултираа со план за изградба на винарска визба во срцето на Европа, каде ќе се произведува, полни и продава вино за пазарите во Полска, Чешка, Унгарија и Словачка. Со директното присуство до пулсот на пазарите на Средна Европа, ќе бидеме брзо адаптибилни на промените и ќе можеме навремено да одговараме на потребите и можностите. Фокусот кон квалитет и иновативност со користење на знаења, искуства и врвна технологија, ќе бидат соодветно имплементирани во процесот на изградба на винаријата, како и во нејзиното понатамошно функционирање.
Основањето на ЕЗИМИТ Словачка како и планот за изградбата на винарската визба е воедно и резултат на зголемената побарувачка на вината под брендот на ЕЗИМИТ на пазарите на Средна Европа. Ние се впуштивме во овој сериозен предизвик. Љубителите на вино од овие простори веќе се запознаа со сончевата македонска приказна и доследноста во квалитетот, преку вкусовите и аромите на вината ЕЗИМИТ.