Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

EZIMIT LOZOVO

Истражувајќи ги потенцијалите на македонските вински региони, со јасна цел за проширување на капацитетите на ЕЗИМИТ вино, на почетокот на 2015-та година инвестиравме во превземање и рестартирање на Винарската визба Лозово. Визбата датира од 1979-та година. Карактеристично е тоа што е градена по француски проект со имплементирана технологија од страна на компанијата Пера од Монтпеље, Франција.

Врз основа на студија, ги детектиравме предностите и можностите, по што ја опремивме со најсовремена линија за полнење на бело и црвено вино.

За рекордно време, Винарската Визба Лозово која неколку години не беше во функција, како ЕЗИМИТ Лозово започна со интензивна работа и набргу изгради посебен кооперантски однос со лозаропроизводителите од овчеполскиот регион.

ЕЗИМИТ Лозово е со вкупен капацитет од 25 милиони литри и е една од најголемите винарски визби во регионот. Во склоп на винаријата е и дестилерија со поголем капацитет за преработка и производство на дестилат. ЕЗИМИТ Лозово е лоциран во централниот дел на Република Македонија, во Овчеполскиот вински регион, поднебје кое што се одликува со одлични микроклиматски услови, во кое преку годината има вкупно 450 милилитри врнежи од дожд на м2 (претежно во зимскиот период), којшто се одлични предуслови за одгледување на лозови насади.

Овчеполскиот регион е глобално познат по раскошни вкусови и мириси на вина од сортите: Вранец, Мерло (Merlot), Каберне Совињон (Cabernet Sauvignon), Сира (Shiraz), Ркацатели и други

ГАЛЕРИЈА

КОНТАКТ

zoran-stosic-ezimit

Зоран Стошиќ

 

Тел: +389 78 222 424

Email: zoran.stosic@ezimit.mk

Име*

Email *

Предмет

Порака