Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

EZIMIT GROUP

Езимит Груп е компанијата која е главно фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во семејството ЕЗИМИТ, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување. Менаџментот на компанијата ги дава суштинските насоки, ги конципира плановите за инвестиции и се грижи за конзистеноста на квалитетот на ниво на сите поединечни компании. Постојаниот мониторинг и редовното контролирање на процесите, како и планирањето на инвестиции во ресурсите на компаниите, се дел од главниот фокус на менаџментот на Езимит Груп, од каде се иницираат обуки на стручен кадар како и сертификации за потврдување на врвните стандарди на работење за градење и потврдување вредности .

Примарна дејност на ЕЗИМИТ Груп е увоз и извоз, при што тимот на оваа компанија е задолжен за сите процедури и активности поврзани со извозот на вино. Целокупниот извоз на вино е потфат со кој членовите на тимот на ЕЗИМИТ Груп се носат со задоволство и ефикасно одговараат на сите предизвици за испраќање на виното ЕЗИМИТ до дестинации ширум светот.

.

Менаџментот на компанијата посветува особено внимание и се грижи за човечките ресурси. Потребите на нашите вработени се интегрален дел од нашето дејствување. Редовно се спроведуваат обуки на вработените за континуирано стекнување нови вештини и знаења, размена на искуства и обезбедување личен и професионален развој на своите вработени, како и спроведување на нормативи и стандарди во компаниите кои што се членки на групацијата.

ЕЗИМИТ Груп е една од првите компании во Македонија која што го има имплементирано IFS стандардот за храна.

ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

  • zorancho-mitrovski-ezimit

    Основач, Претседател на одбор на директори

    Read more

    Зоранчо Митровски

  • filip-blazeski-ezimit

    Извршен директор. По струка е дипломиран економист. Роден е на 10 Јули 1983 година. Има 10 години професионално искуство.

    Read more

    Филип Блажески

  • suzana-bajraktarova-ezimit

    Член на одборот на директори, надлежен за финансии. По струка е дипломиран економист. Родена е на 20 август 1962 година. Има 32 години професионално работно искуство во финансии.

    Read more

    Сузана Бајрактарова

  • vito-mitrovski-ezimit

    Одговорен за организациски работи. Факултет за фитомедицина. Роден е на 4 Јуни 1994 година.

    Read more

    Вито Митровски

  • zeljko-misic-ezimit

    Член на одборот на директори, надлежен за продажба. Роден е на 14 Јули 1973 година. Има 18 години професионално искуство во продажба.

    Read more

    Željko Mišić

  • sashko-boshkov-ezimit

    Член на одбор на директори, надлежен за правни и административни работи. По струка е дипломиран правник и економист. Роден е во 1976 година. Има 15 години професионално искуство во правни и административни работи.  

    Read more

    Сашко Бошков

КОНТАКТ

filip-blazeski-ezimit

Филип Блажески

Тел: +389 72 271 850

Email: filip.blazheski@ezimit.mk

Име*

Email *

Предмет

Порака