Menu

We are apologize for the inconvenience but you need to download
more modern browser in order to be able to browse our page

Download Safari
Download Safari
Download Chrome
Download Chrome
Download Firefox
Download Firefox
Download IE 10+
Download IE 10+

Announcements

    • СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ   Отворена е првата македонска компанија во Германија во областа на винскиот бизнис - "Еzimit wine depo gmbh" Македонските винопроизводители ќе добијат логистичка поддршка во земјата која е најголем конзумент на вино во Европа Инвестициите на Езимит се фокусираат таму каде корпорацијата е најсилна – во винскиот бизнис   Под брендот Езимит, се отвори првата македонска компанија во светот на винскиот бизнис во Германија. Во земјата која е најголем конзумент на вино во Европа, Езимит ја отвори компанијата под име "Еzimit wine depo gmbh". Целта на Езимит со отворање на компанија во Германија, е на вината под брендот Езимит но и на вината на сите македонски винопроизводители да им овозможи комплетна логистичка поддршка и винско депо за полесно освојување на германскиот пазар. Компанијата со визионерски настап ја освои највисоката кота во предизвикот на една македонска компанија да создаде директен пат за пласирање на македонските вина на германскиот пазар. Со ова, Езимит ги зајакнува сопствените капацитети и ги подобрува условите за македонските винопроизводители за сериозен, плански и континуиран настап на германскиот пазар. Компанијата "Еzimit wine depo gmbh" е прва македонска компанија во светот на винскиот бизнис во Германија, а трета компанија која Езимит ја отвора со визија за стратешко освојување на европскиот вински пазар. По успехот на Езимит Хрватска, минатата година беше основана компанијата Езимит Словачка каде е во тек завршување на градежните работи, а првата берба се очекува веќе во септември. Позитивните искуства и темелната анализа на потенцијалите на македонските винопороизводители и можностите на европскиот вински пазар, покажа дека има простор за посериозен настап преку конкретни активности кои воедно бараат и поголеми инвестиции. По четврт век успешен развој и дисперзираност во неколку сфери на делување, корпорацијата Езимит за главна сфера на своето делување го избира винскиот бизнис, врз основа на своите кадровски, технички и технолошки потенцијали. Со преструктуирање на капиталот во рамките на групацијата, Езимит ја зајакнува сферата која според корпорациската стратегија на развој станува  главен фокус на делување. Извозната стратегија и винскиот бизнис се стратешки востановен курс на делување на Езимит, со цел да се нуди на странскиот пазар најдоброто што може да се произведе во Македонија.                      www.ezimit.mk
      April 5, 2017
    • Над тристотини гости од земјата и светот присуствува на прославата на 25тиот јубилеј на ЕЗИМИТ, која се одржа на 3ти јуни (2016) во винаријата ЕЗИМИТ во Штип. Организиран со висок стил и акцент на елеганција и одмереност, настанот беше вистинско уживање за сите присутни. Покрај претставници на деловниот и политичкиот свет од Македонија, дипломатијата и Македонската православна црква, на прославата пристигнаа деловни соработници и пријатели на ЕЗИМИТ од  Хонг Конг, Русија, Канада, Америка, Австралија и од ширум Европа. Поканети беа и голем број млади лица од кои се дел стипендисти на ЕЗИМИТ. Доминираше доброто расположение, срдечоста на домаќините, задоволството на гостите и разменувањето сеќавања за почетоците и развојот на успешната ЕЗИМИТ приказна. Без бомбастични најави, без говори и нагласен протокол, а со многу музика и добро вино, во елегантно уреден простор, амбиентално обоен со боја на вино, вечерта течеше во спонтана забавна атмосфера. Боите, вкусот и аромите на виното сепак го имаа приматот во концептот. Посебен акцент даде виното Тера Македоника, со кое многу од присутните за прв пат се запознаа, потврувајќи дека се работи за единствено и исклучително вино. Пролетниот дожд ја надополни уникатноста на вечерта, навестувајќи бериќет. Настанот го збогати хрватската естрадна ѕвезда Северина која со искрени честитки се обрати до сопствениците и вработените на ЕЗИМИТ чии вина ги засакала во Хрватска. Ова е прва голема прослава во знакот на ЕЗИМИТ, чиј примат е посветеност на работа и резултати. Потврда за успешноста, е секако одзивот на големиот број видни гости од кои најголем дел се сведоци на изминатиот пат и искрено посакаа да се најдат на истото место за прослава за 50ти јубилеј на ЕЗИМИТ.
      June 4, 2016
    • Квалитет, иновативност и посветеност во сите сфери на делување Македонскиот бренд ЕЗИМИТ, годинава, одбележува 25 години континуиран раст и развој. Од мала семејна компанија основана во 1991ва, ЕЗИМИТ се разграни во деловно семејство кое денес обединува повеќе компании од областа на земјоделието, преработката, финансиите, градежништвото, инвестициите. Јубилејните 25 години успешно делување се засноваат на квалитетна стратегија, јасна визија, правовремени решенија врз основа на следење на потребите на пазарот, пoсветеност, иновативност, како и инвестиции во човечки ресурси, капацитети и развој. Благодарение на високите стандарди во работењето, ЕЗИМИТ негува долгогодишни релации и успешни соработки со домашни и странски компании. ЕЗИМИТ е еден од најголемите извозници на вино во Македонија, што го прави брендот препознатлив во светски размери. Винаријата ЕЗИМИТ според врвната технологија е една од најмодерните винарии во Македонија. Вкрстувањето на знаења, искуства и иновативност со акцент на квалитет, резултираат со широка гама на извонредни вина со потпис на ЕЗИМИТ. Најновото вино Тера Македоника, е создадено преку иновативен процес и единствена рецептура, екстрахирано низ мешавина на лековити билки од македонскиот тероар. Во успешната приказна на првиот четврт век на ЕЗИМИТ се чини доминира виното, но всушност се работи за една комплетна визионерска стратегија  што опфаќа различни деловни сфери, кои се како столбови на цврста и стабилна заедничка платформа за понатамошен развој на сите засебни компании. “За добрите резултати на работењето на компаниите под брендот на ЕЗИМИТ се заслужни сите вклучени во процесите на работење, од вработените до деловните партнери“. Изјави првиот човек на ЕЗИМИТ - Зоранчо Митровски. “Резултатите сами по себе носат и обврска за нивно оддржување и надминување. Во претходните 25 години бевме посветени на создавање високи вредности по светски критериуми, а во голема конкурентна средина предизвик е да се одржи квалитетот по кој не препознаваат. Oстануваме верни на квалитетот и курсот за инвестииции и развој.“ - додаде Митровски. Во изминатите 25 години, ЕЗИМИТ преку различни форми на делување континуирано придонесува за заедницата. Постигнатите финасиски резултати го етаблираа ЕЗИМИТ како сериозен деловен сегмент во економскиот раст и развој на нашата земја.    
      May 26, 2016
  • CONTACT FOR PR ISSUES: