Нашата приказна

Езимит е компанијата која е главно фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во семејството ЕЗИМИТ, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување.

Примарна дејност на ЕЗИМИТ е производство на вино и инвестиции.

За нас

ЕЗИМИТ е синоним за успешен и одржлив бизнис на 30 години. Благодарение на корпоративното управување и стабилната соработка со сите релевантни партнери, компанијата стана лидер во неколку области на бизнис секторот во текот на сите овие години: прозводство на грозје, производство на вино, недвижности, обновливи извори на енергија и медицина. Во текот на изминатите 30 години успешна работа, компанијата го прошири својот бизнис со посебен фокус на неколку земји од регионот: Словенија, Хрватска и Бугарија. Сите овие пазари денес јасно препознаваат дека целта на ЕЗИМИТ не е само создавање добри финансиски резултати туку и развој на самите региони во кои работиме.